СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Централ Инвест“ на Кочо Анѓушев изгради нова сончева електрана во с.Тркање

Во близина на Кочани почна со работа новата фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати. Електраната е во сопственост на фирмата Централ инвест, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро инвест. Централ инвест и Феро инвест на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.

ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Почетокот на производството на електраната ФЕЦ Тркање кај Кочани доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата.

„Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата,“ вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески.

Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content