СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Фактор: Во Скопје 3874 и Тетово 488 работни места, а во Ресен, Пробиштип, Кичево и Д.Хисар ниедно – за младите нема живот ни иднина!

„Во Македонија има градови каде воопшто нема слободни работни места, според Агенцијата за вработување. Сликата е иста долго време. Во малите градови има многу малку огласи за вработување.“ – објави информативниот портал „Фактор.мк“ во својата информација со наслов „Maлите градови се замрени, слободните работни места се бројат на прсти“.

Порталот пишува: „ Во Ресен, Пробиштип, Кичево и Демир Хисар воопшто нема слободни работни места. Ваква беше состојбата за викендот. Едно слободно работно место имаше во Дебар, и по две во Валандово и Свети Николе, додека во Берово имаше три. ‘Нема работа во Ресен. Откако почна пандемијата стана уште полошо. Локалната економија е на нула, и затоа младите бегаат во Хрватска. Имам дуќан и цела недела ништо не сум продала.’ – вели жителка на Ресен.

Порталот пишува: „И другите се согласуваат дека нема иднина за младите. Нема работа и секој бара излез. ‘Освен во трговија или работа во кафулиња, друго тешко се наоѓа. Нема развој, младите бегаат од Европа до Австралија. Ова лето дури 60 луѓе заминаа да берат јагоди во Англија. Но тоа не е решението. Ни треба народ овде.’ – рече Борис од Ресен.“

„Зоран Кочоски од агенцијата Коузон објаснува дека младите од помалите места бегаат во странство и не мора да е тоа само работа на брод, туку бараат и каква било сезонска работа. Тој нагласува дека во малите средини, дури и ако некому му треба работник, него го бара по пат на лични контакти, со објавување оглас на својата страница на општествените мрежи, или на специјализираните портали за огласи.“

„Кочоски вели дека дополнително во лето поретко се бара работна сила, освен ако не се работи за угостителство. ‘Според мојата проценка, во Хрватска 4.500 Македонци работат сезонски. Од крајот на март и почетокот на април кон западна Европа заминуваат полни автобуси и авиони, а ние немаме толку туристи. Во тој период од 300 до 500 луѓе ни заминуваат неделно.’ – изјави Кочоски.“

„Статистиката викендов покажа дека во Кратово и Крушево има по 4 слободни работни места, а во Крива Паланка се 5. На врвот е Скопје со 3.874 слободни работни места, потоа Тетово со 488 и Куманово со 376. Состојбата и податоците се менуваат секојдневно.“

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content