Утре сончево и топло, попладне можни поројни дождови и грмежи

Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на следните денови времето ќе биде променливо. Утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне повторно се очекува локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток попладне и петок се очекува поинтензивна нестабилност со пообилни врнежи, грмежи и услови за невреме со појава на град, при што температурите ќе бележат пад за неколку степени.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content