Укината забраната за камиони на патиштата Стража-Кичево, Велес-Прилеп и Маврово-Дебар
Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правци, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат”.
Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила.
На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.