СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Турција ја укина забраната за извоз на домати

Турција ја укина забраната за извоз на домати што беше воведена на 2 март.

Министерството за земјоделство и шумарство го воведе ограничувањето, наведувајќи го „невообичаеното поскапување на доматите во Турција и катастрофата предизвикана од земјотресот“.

Министерството соопшти дека е неопходно да се преземат мерки за да се обезбеди безбедност на храната и стабилност на цените, поради што се воведени ограничувања за извоз на домати до 14 април. Исклучок беше направен само за Турската Република Северен Кипар (ТРСК), признаена само од Турција, Палестина и Азербејџан.

Во решението објавено во турскиот државен весник, беше укината известувањето со кое Министерството за земјоделство ги воведе ограничувањата, со што беше укината и забраната за извоз на домати, што предизвика бурни реакции кај претставниците на секторот.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content