СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Тројца пратеници на ДУИ преминуваат во новото парламентарно мнозинство

Тројца пратеници на ДУИ ќе ја напуштат партијата и ќе се приклучат на новото парламентарно мнозинство.

Веста ја објави „Ин7“, од каде велат дека им се познати имињата на овие тројца пратеници, но дека нема да ги објават заради зачувување на изворот. Според нивните информации, еден од пратениците е од полошкиот, додека другите двајца се од скопскиот регион.

 

Ваквата информација оди во прилог на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој при објавувањето на договорот за ново парламентарно мнозинство истакна дека имаат 61 пратеник со можност тоа да биде проширено за тројца, односно на 64 пратеници.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content