Често луѓето воопшто не успеваат да направат палачинки и не ја знаат причината.
Претежноа сите мислат дека тоа е последица на користење на несоодветна или лоша тава или лошо подготвена смеса.
Се случува тестото да испадне тврдо, а палачинките да не се доволно меки и воздушести.
Решението на овој проблем е многу едноставно и не бара некои посебни вештини, па дури и почетниците сега ќе можат да подготват совршени палачинки.
Имено, повеќето луѓе ставаат цели јајца во смесата, а експертите тврдат дека всушност е неопходно да се одвојат белките и жолчките.
Потребно е белките посебно да се изматат во мек изматен снег, а потоа да се додадат во друга смеса од брашно, млеко и жолчки и да се мешаат нежно, по можност со жица.
Овој едноставен трик ќе им даде на палачинките мекост, еластичност и пенеста структура, а најдобро од сè, тие нема да бидат цврсти дури и кога ќе се изладат.