СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Тик Ток воведува големи промени за помладите од 18 години

На корисниците на Тик Ток кои имаат помалку од 16 години, налозите во иднина автоматски ќе им бидат направени приватни, што е само една од мерките кои апликацијата ги воведува со цел подобрување на безбедноста на децата.

Само оние следбеници кои имаат дозвола, ќе можат да коментираат на видео снимките на помладите од 16 години.

Исто така, ќе биде оневозможено преземање на видео снимките кои ги објавиле. Нивните налози, исто така, нема да се појавуваат во „Suggested“ секцијата, односно нема да бидат предложени на случајни корисници.

 

Корисниците на Тик Ток кои имаат 16 или 17 години, ќе имаат слично ограничување кога станува збор за преземање на нивните видео снимки. Единствена разлика во однос на помладите, е во тоа што тие ќе можат да ги исклучат рестрикциите и така да дозволат преземање, пренесе „Би-Би-Си“.

Што се однесува до опцијата дует, нема да биде дозволена кога станува збор за видео снимки на помлади од 16 години, а за оние од 16 или 17 години, исто како и за преземањето видео снимки, ќе постои опција дали и на кого ќе му дозволат дует.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content