СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

„Тиквешки лозароовоштари” бара винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава

Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари” бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти денеска Дане Јошев, претседател на здружението.

Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, после идниот понеделник, ќе излеземе на протест, дециден беше Јошев на прес – конференција.

Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање.

Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша.

Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на оризопроизводителите, најави Јошев на прес – конференцијата во Кавадарци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content