СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Техничкиот проблем со сајтот за јавни набавки е надминат

По речиси десет дена профункционира сајтот за електронски јавни набавки https://www.e-nabavki.gov.mk/ , за кое време беше стопирано електронското пријавување на тендери. Во официјалното соопштение се наведува дека техничките проблеми се надминати и дека интегритетот на системот не е нарушен.

Во официјалното соопштение се вели:

„Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на ЕСЈН е целосно надминат. При тоа, интегритетот на системот не е загрозен. Од денес, овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби.

Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, за што дополнително ќе ве информираме“.

Во соопштението не е наведено за каков технички проблем станувало збор и на кој начин е отклонет.

Минатата недела вработен во Бирото за МКД.мк рече дека постои сомнеж оти врз системот бил извршен хакерски напад  „ransomware” при што за Бирото станале недостапни сите податоци, односно и архивата, а дека хакерите наводно барале определена сума во биткоини за податоците да бидат вратени.

Инаку, и натаму останува недостапна (или повремено недостапна) официјалната интернет страница на Бирото за јавни набавки. При обид за отворање на овој сајт се добива следното известување:

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content