СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Со изложбата на рачно изработени маски започна карневалот “Прочка 2023”

Со традиционалната изложба на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денес започна карневалската магија која ќе кулминира в недела со централното дефиле за Прочка 2023.

Учениците од прилепските основни и средни училишта поддржани од нивните ментори, се претставија со повеќе од 500 рачно изработени маски, а најдобрите во секоја категорија беа наградени.

Категорија 6 -7 одделение: 1. Матеј Тодоров – О.О.У. Блаже Конески, 2. Иле Наумоски – О.О.У. Добре Јованоски, 3. Марија Талеска – О.О.У. Климент Охридски

Категорија 8 – 9 одделение: 1. Михаела Јованоска – О.О.У. Пере Тошев-Канатларци, 2. Сара Блажеска – О.О.У. Кире Гаврилоски, 3. Евгенија Димитриовска – О.О.У. Гоце Делчев

Категорија Средни училишта: 1. Андреј Бошески С.О.У. Ѓорче Петров, 2. Даниел Главчев С.О.У. Ѓорче Петров, 3. Димитар Талески С.О.У. Ѓорче Петров

Специјална награда: Учениците од второ 2 од О.О.У. Климент Охридски

ГРАН ПРИ: Изабела Талевска – О.О.У. Кирил и Методи с. Подмол

Маските ги оценуваше стручна комисија во состав: Методи Исков, Маја Најдовска и Анита Сотироска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content