Соопштение од прилепските црковни храмови за престојната градска слава Св. Никола

41

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, СВ. НИКОЛА, во храмовите Св. Петка во нас. Точила и Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), лепчиња ќе се пеат ВО САБОТА И НЕДЕЛА (17 и 18.12.2022г.) во периодот од 7:00 – 17:00 часот и на самиот празник, во ПОНЕДЕЛНИК (19.12.2022), по завршувањето на Божествената литургија.

САБОТА НА 17-ти – СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот, НЕДЕЛА НА 18-ти – СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот.

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) – од 09.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот, СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот, СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.

На 19ти утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои го чествуваат СВ. НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава! Воедно, и на сите прилепчани им ја честитаме градската слава Св. Никола, молитвениот застапник и закрилник на нашиот град! Нека ни е за многу години и на помош – стои во соопштението од прилепските црковни храмови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content