СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Собрание ги одбило пакетчињата, немале Рошен чоколади

Поништен тендерот кој што Собранието го додели на кочанската книжара „Рики Јуниор“, за новогодишни пакетчиња.

Откако на 3. јануари пратениците и дел од вработените во собраниските служби кои имаат деца до 8 години добиле пакетчиња, истот ден, експресно им биле одземени и никогаш не ги добиле назад.

Пакетчињата се уште стојат во Собранието, откако комисијата за јавни набавки утврдила дека она што е доставено, не е истото што било побарано на тендерот. Дел од вработените, веќе ги отвориле пакетчињата, па ги враќале со веќе отворени чоколади.

Од Собранието потврдуваат дека потпишале договор со книжарницата, но поради како што велат манипулација од страна на фирмата, договорот бил раскинат. Тврдат дека книжарницата понудила најниска цена.

„Почнавме да ги делиме пакетчињата веднаш штом стасаа, бидејќи наместо пред Нова година, беа доставени на 3 јануари. Колегите од одделот за јавни набавки ги проверија и утврдија дека производите не се по спецификација, па затоа веднаш ги повлековме. Од фирмата се вадеа, но нема да дозволиме да биде потпишано нешто што не треба, бидејќи се работи за народни пари“, велат од Собранието.

ТВ24 побара став и до книжарницата „Рики Јуниор“, од каде ни посочија дека немало доволно време да се исправи грешката, па затоа бил раскинат договорот, објави 24.мк.

„Во спецификациите беше наведено дека треба да има чоколадо „Рошен“. Бидејќи кочанската фирма која го увезвуаше чоколадото го раскинала договорот, а немаше време да чекаме нова македонска фирма која го увезува ова чоколадо, ставивме поквалитетно, „Милка“. Од Собранието ни побараа да биде се според спецификациите, па поради тоа се договоривме да го раскинеме договорот“, велат од „Рики Јуниор“.

За разлика од фирмата, од каде велат дека имало Милка, од Собранието тврдат дека во пакетчињата имало чоколади од Винчини.

Децата на пратениците и собраниските служби оваа Нова година останаа без пакетчиња. Тие стојат заклучени во канцеларија во Законодавниот дом, бидејќи фирмата која го згрешила тендерот не сака да ги подигне.

Собранието го раскинал договорот бидејќи во законски рок не биле коригирани пакетчињата, во кои како што велат дел од вработените во Собранието имало и таан алва и сусамки, а требало да има и детски играчки. На јавниот повик се јавиле две фирми, а „Рики Јуниор“ ја имале најниската понуда. Посочуваат дека го чекале рокот за жалба, кој истекувал на 31 декември, па затоа морале постновогодишно да ги поделат пакетчињата. За 180 пакетчиња, според договорот, фирмата побарала сума од 80.100 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content