СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Се одбележува Свети Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители

Со повеќе настани под мотото „Писмото е нашиот универзум“ денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Чествувањата на сесловенските просветители почнаа синоќа со свечена академија во Филхармонија и концерт во црквата Св. Софија во Охрид.

Денеска, во хотелот „Инекс Олгица“ ќе се одржи панел дискусија „Македонскиот јазик во словенскиот свет” на која воведен збор ќе има премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе биде положено цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид.

Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Жаклина Лазаревска, Лазе Таневски и Лидија Петкоска, претпладне ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ на плоштадот во Охрид. Централната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, е напладне на Плаошник.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content