СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Дозволени свадби до 250 гости и на затворено

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content