Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34, Тетово-29, Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.
Починати се 20 лица, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74), еден од Штип (82), двајца од Прилеп (68 и 72), еден од Струга (78), двајца од Велес (70 и 65), еден од Битола (84), еден од Кавадарци (68), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89), еден од Струмица (63) и еден пациент од Берово (77). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330.