СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Растителен лек ефикасен против Ковид-19

Хербалниот препарат „тапсигаргин” е многу ефикасен против Ковид-19, објави германската агенција ДПА, повикувајќи се на студија од Универзитетот во Нотингем.

Лекот,  според нив, предизвикува многу ефикасен имунолошки одговор со широк спектар против три главни вида на човечки респираторни вируси вклучувајќи го и новиот Ковид-19.

„Јасно дека е потребно повеќе тестирање. Сегашните резултати јасно покажуваат дека ‘тапсигаргинот’ и неговите деривати ветуваат антивирусни третмани против вирусите Ковид-19 и грип”, според истражувачкиот тим предводен од проф. Кин-Чоу Чен. 

 

Од почетокот на првиот бран на новата пандемија на коронавирус се користат неколку терапии за вирусни заболувања, вклучувајќи го стероидот дексаметазон и коктел со антитела, разработен од компанијата „Регенерон” и применет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога тој беше хоспитализиран во октомври минатата година. Лекарите и здравствените работници препорачуваат и земање високи дози витамин Д како профилакса.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content