СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Пронајдено телото на 14-годишното момче кое се удави во Беровско eзеро

Пронајдено е телото на 14-годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8,50 часот.

Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content