СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Прилеп домаќин на меѓународен едриличарски камп

Изминатиов викенд Спортскиот аеродром во Прилеп беше домаќин на меѓународниот едриличарски камп на кој учествуваа повеќе од 50 учесници од Македонија, Србија и Косово.

Кампот е дел од проектот “Bird’s Perspective from Balkan Clean Sky” финансиски поддржан од Western Balkans Fund, а го организираше Параглајдерскиот клуб Sky Riders Prilep заедно со партнерите Fly Dardania PrishtinaAero club Nasha Krila Paracin и Center for innovation and development Inos Prilep.

Првиот ден од кампот беше посветен на едукативни часови за придобивките од спортот и едриличарството. Учесниците имаа можност да се запознаат со историјата на едриличарството, видовите едрилици, начините на полетување, како и метеорологијата која е многу важна при летањето со едрилици.

Искусните пилоти од земјата (Никола Иваноски, Метотка Стојанов, Васко Михалчев, Ѓорѓи Манчески и Димко Спиркоски) ги раскажаа своите едриличарски приказни пред идните млади едриличари. Дополнително се разговараше и за аеро загадувањето како еден голем проблем на земјите од Западен Балкан.

На вториот ден од кампот со информативна прошетка низ хангарот и аеродромот, учесниците имаа можност низ фотографии и видеа да се запознаат со историјата на едриличарството во Македонија, како и да се запознаат со едрилиците. Сите учесници на кампот имаа можност да летаат со едрилица заедно со пилотите. Покрај информативните летови, пилотите демонстрираа и акробатски летови со едрилици, а на настанот се збогати и со летови на Модели на радио контрола.

Третиот ден на едриличарите им се придружија и воздухоплови од останатите аеро клубови во земјата (Аеро клуб Штип, Аеро клуб Битола, Аеро клуб Скопје и Rimin Air Штип) на Аеро збиранката организирана од Аеро клуб Прилеп. Настанот беше од отворен тип и привлече внимание на многу посетители. Свој перформанс имаа и падобранците од Аеро клубот Наша Крила од Параќин со неколку падобрански скокови.

Настанот беше затворен со доделување на сертификати на учесниците и плакети и благодарници на сите оние кои го поддржаа истиот. Плановите на организаторот се и во иднина да продолжат со органзиација на вакви настани како и да отворат Едриличарска школа на која ќе се обучуваат идните едриличари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content