СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Приведено лицето кое пукаше на протестот

Полицијата го приведе лицето што со пиштол во рака се закануваше и пукаше вечерва додека трае протестот против францускиот предлог. Од МВР за МКД.мк официјално потврдуваат дека приведено е лицето што пукаше и е спроведено во полициска станица.

За идентитетот на приведениот официјални детали од МВР се најавени за подоцна.

Неофицијално се работи за сопственикот на хотелот Де Кока, функционер во Алијанса на Албанците.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара да се приведе лицето што пукаше бидејќи, како што напиша на Фејсбук, сакал него да го убие.

За вечерва најавена е вонредна прес-конференција на Мицкоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content