СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Првото бебе во новата 2022 година во Прилеп е женско

Скоро еден час после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди женско дете.

Градоначалникот Борче Јовчески утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.

Им ја честиташе радоста на родителите за нивното второ дете со желби за прекрасно детство на малечката и да имаат многу љубов и среќа во нивното семејство, а воедно и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници, и како што кажа оваа нова 2022 година да ни биде бериќетна на сите сограѓани и на целата Општина Прилеп, да имаме добро здравје пред се и се разбира успех и просперитет во сите полиња.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content