Почнаа теренските на работи на автопатот Прилеп – Битола

59

Минирањето беше извршено во близина на местото каде започнаа градбите на патот кој треба да биде со должина од околу 40 километри. Во моментов на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се потребни најмалку 2.000 работници, а досега се пријавиле 360 македонски граѓани. Саеми за вработување до сега се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола, а наскоро ќе има и во други градови низ земјава.

-Во моментов се одвиваат саеми за работа и во Тетово и во Гостивар и во Прилеп и во Битола. Само што разговарав со проект менаџерот дека досега имаат 360 сивија што ги разгледуваат од наши сограѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи она што во моментов најмалку му треба на конзорциумот се 2.000 работници. И затоа овие саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој голем проект и во една од најреномираните светски компании Бехтел и нивниот партнер Енка, изјави – Димитар Ковачевски – Претседател на Влада.

-Подобрувањето на македонската патна инфраструктура е витално за економскиот развој. Изградбата на модерни патишта не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе привлече инвестиции кон земјата, изјави – Ерик Мејер – Заменик шеф Мисија во Амбасадата на САД во Скопје.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра и од 53 милиони евра согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со која за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Паралелно, велат од Јавното претпријатие за државни патишта, тече и постапката за експропријација на земјиштето опфатено со делниците.

-Веќе имаме подготвено елаборати за експропријација. Дел од тие елаборати веќе се доставени до Бирото за вештачење, каде што сите институции што се инволвирани, државни институции кои се инволвирани за експропријација, работат со интензивно темпо, изјави – Ејуп Рустеми – Директор на ЈПДП.

-Министерството за транспорт и врски и ЈПДП, работи во целосна координација со сите институции, и јас сум убеден дека сите чекори ќе продолжат во предвидениот рок,изјави – Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски.

Градешни работи на терен пред два дена почнаа и на патот Гостиват – Тетово, како дел од Коридорот 8. Рокот за изградба на делниците од двата коридора е до 2027, договорот беше потпишан пред шест месеци и тежи 1,3 милјарди долари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content