СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Потенцијално опасен“ астероид се движи кон Земјата/ВИДЕО

Астероидот, двојно поголем од највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа, се движи со голема брзина кон Земјата, покрај која ќе помине во петок.

Американската вселенска агенција (НАСА) го означи астероидот наречен 7335 (1989 JA), како „потенцијално опасен“, наведувајќи дека се движи со брзина од околу 76.000 километри на час.

Сепак, се проценува дека астероидот ќе помине покрај Земјата на растојание од четири милиони километри, што е приближно 10 пати повеќе од растојанието на нашата планета од Месечината.

Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци.

Инаку, Бурџ Калифа во Дубаи е висок 828 метри, а овој астероид е со дијаметар од 1,8 километри. Тоа ќе биде и најголемиот астероид што ќе помине покрај Земјата оваа година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content