СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Потврден датумот за Прилеп Фест 2023

ПРИЛЕП ФЕСТ објавува дека оваа година на 1ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот во салата на Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп. Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори.

Фестивалската програма одложно ќе биде емитувана на МРТВ. Ќе ви наведеме само еден мал дел од учесниците на овогодинешниот ПРИЛЕП ФЕСТ: Наум Петрески, Зуица Лазова, Јордан Митев, Лили Семкова, група ДРИМ ТИМ…

Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство, соопшти Советот на фестивалот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content