СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Полска доделува стипендии за македонски истражувачи и студенти

Полската национална агенција за академска размена (NAWA) ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2022/2023 година, во вкупно времетраење од 20 месеци за научно-истражувачка пракса и за едносеместрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.

Полската национална агенција за академска размена во академската 2022/2023 година во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists), за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии, објави Министерството за образование и наука.

Стипендиите се доделуваат согласно позицијата на Полска во рамки на Берлинскиот процес, а почнувајќи од академската 2022/2023 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерство за образование и наука на Македонија до 15 април 2022.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content