СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Победа денеска во Прилеп го cpyши лидерот на табелата

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, во меч од 12-тото коло на Првата лига, фудбалерите на Победа го совладаа лидерот на табелата Струга Трим Лум со 2-0, полувреме 1-0.

Во тактички најзрелиот меч оваа сезона, мудро и паметно, свесни дека со отворена игра не можат да парираат на хартија на поквалитетниот противник, црвено-белите одиграа со срце и на крајот СРЦЕТО го победи лидерот, го победи претендентот за Европа, го победи многу поскапиот ти, но во фудбалот не играат секогаш парите и буџетите, затоа тој е толку убав и предизвикувачки!

Стружани имаа повеќе од играта, многу поголем посед, но за тоа колку дисциплинирано и со трка одиграа црвено-белите, доволно зборува фактот дека голманот на Победа Тофилоски, така речи и немаше некоја посериозна интервенција, затоа што стружани беа целосно изолирани кога беше во прашање било каква опасност кон голот на капитенот на Победа.

Човек на одлука за денешната победа над стружани се покажа токму стружанецот – Атдхе Мазари, кој имаше две неискористени зицери, но затоа со 2 гола, по асистенции на Спиркоски и Петејчук, го сруши лидерот на голема радост и задоволство на околу 1.500 гледачи, кои задоволни од победата со аплауз ги наградија своите љубимци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content