СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Победа го доби предводникот за Прва лига

ФК Победа вчера постигна договор и во новата повратничка прволигашка сезона нов Шеф на Стручниот штаб на прилепскиот прволигаш ќе биде Бобан Бабунски.

54-годишниот поранешен македонски и југословенски репрезентативец и тренер на А и младата репрезентација, кој беше предводник и на Вардар и Работнички, денес ги договори условите за взаемна соработка со црвено-белите.

Бабунски за понеделник 27-ми јуни во 17 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ ја закажа прозивката со која ќе биде означен и почетокот на подготовките на фудбалерите на Победа.

На првиот собир новиот тренер и првиот човек на Победа Благоја Гешоски ќе го образложат планот на подготовките како и потребните засилувања со цел успешна сезона на клубот по враќањето во елитното друштво.

Фудбалската кариера Бабунски ја започнува во Вардар по што следи интернационална кариера во ЏСКА Софија (Бугарија), Леида (Шпанија), Гамба Осака (Јапонија), АЕК Атина (Грција), Ст. Труден (Белгија), Логроњес (Шпанија) и Кемницер (Германија), а ја завршува во Работнички.

Како тренер од 2002 до 2005 год бил помошник на Слободан Сантрач во А селекцијата, привремен селектор од август 2005 до февруари 2006 година, освојувач на Купот со Работнички во сезоната 2008-2009, а од 2009 до 2014 година беше предводник на младата селекција за играчи до 21 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content