СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ .

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиуми претходно појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.

Неофицијално, како што додаде Гаспар, на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.

– Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме за сите пациенти. За да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив, подвлече Гаспар.

Тој кажа дека мисли оти е за 80 пациенти соодветен лекот.

Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content