СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Парно има, ама нема оти е топло

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимоски.

Бислимовски вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите, наведе Бислимоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content