СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Онлајн гејминг недела во организација на Македонската Еспорт Асоцијација

Во текот на престојаниот викенд, па сѐ до 28 декември, Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри кои се дел од „Gaming Week“.

Предвидена е „League of Legends“ една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 за денеска, потоа популарната „Dota 2“ со натпреварување 1 против 1 утре и мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација „Counter-Strike: Global Offensive“ 2 против 2 в недела. Два дополнителни дена, понеделник и вторник, се одвоени за популарни македонски стримери на платформите YouTube и Twitch ширум целата држава.

Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат онлајн и со мотото „HelpTheOthers“, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за онлајн предавања и учење или пак работа. Со цел да приказната биде уште поуспешна овој настан со хуманитарни цели е во изведба со „Донирај Компјутер“ и Eвропеецот на годинава, Борче Стаменов.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content