СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан

Од 1 јули корисникот ќе може да го користи сообраќајот што му е достапен во рамките на пакетот на територијата на целиот Западен Балкан.

Цените што важат за секој корисник на домашни сообраќајни услуги ќе важат во мрежата на кој било оператор на Западен Балкан.

Единствените ограничувања во потрошувачката се можни во однос на тарифниот пакет, и за тоа дали се работи за припејд или за постпејд-корисници.

 

Укинувањето на роамингот од 1 јули на Западен Балкан е крај на процесот што траеше две години и во кој постепено се намалуваше цената на роаминг услугите.

Последната фаза значи укинување на роамингот, така што сите корисници ќе можат да прават во повици, да користат интернет и СМС-пораки во околните земји, како и во домашниот сообраќај.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content