СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од денеска нула отсто ДДВ за основните производи за исхрана

Маркетите најдоцна до денеска мора да ги прилагодат фискалните апарати и да ги продаваат основните прехранбени производи со нула отсто ДДВ, порачаа од Управата за јавни приходи.

„Ова значи дека сите продажни објекти кои продаваат леб, брашно, јајца, млеко, ориз, шеќер, месо и сончогледово масло од денеска мора да ги продаваат со нула отсто ДДВ при малопродажба. Исто така потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака ’г‘ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност“, велат од УЈП.

Мерката ќе важи до 31 мај годинава, а e дел од пакетот антикризни мерки кои ги изгласа Собранието.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content