СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Од денеска вакцинација без закажан термин

Од денеска граѓаните може да примат вакцина против ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација.

За вакцинација без закажување е потребно да се понесе личен документ за идентификација.

Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.

 

Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите на установите.

Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот.

Напоредно се одвива и ревакцинацијата на граѓаните Таа ќе се одвива во спортските.

Теренска вакцинација по населени места во општина Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content