Поради вчерашното повлекување на „помирувачот“ помеѓу синдикатот на УЈП и раководството, одложен е денешниот енерален штрајк на вработените во Упртавата за јавни приходи.
За денеска од УЈП најавија дека ќе назначат нов медијатор.
Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.
Од Синдикатот на УЈП стојат цврство на ставот дека го бараат тоа што им следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила.
Во меѓувреме, тие и натаму, како и во изминатите денови секојдневно ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот секој ден.