СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Одбележување на Светскиот ден на безбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по петти пат годинава, се приклучува на глобалната иницијатива на Светската организација за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 7 јуни- Светски ден на безбедна храна.

На настанот ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Под мотото „Стандарите за храна спасуваат животи“ годинава АХВ пеку стручни презентации на претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Светската здравствена организација, претставникот на ФАО за Македонија, Организацијата на потрошувачите и од факултетите за ветеринарна медицина и земјоделски науки и храна, ќе се осврнат на прашањата кои се однесуваат на мониторинг програмите за безбедност на храната и контролата на резидуи од ветеринарно – медицински препарати на храната од животинско потекло, употребата на здравствените тврдења и измамите кои произлегуваат од нив, стои во соопштението на АХВ.

На настанот, во презентациите, акцент ќе биде ставен и на улогата на АХВ како контакт точка на Системот за брзо известување за небезбедна храна на Европската унија (RASSF), стандардите за безбедност на природните минерални и изворски води, безбедносните услови за ставање во промет на храната од животинско потекло, од домашно производство и од увоз и во светски рамки се поактуелните прашања за храната произведена со иновирани технологии.

Панелистите ќе се осврнат и на темите кои несредно се однесуваат на потрошувачите и потрошувачките права, гледано од аспект на невладионот сектор и државните институции, додаваат од АХВ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content