СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Оваа состојба го забрзува стареењето повеќе од цигарите и физичката неактивност

Британските и кинеските експерти открија важна причина што многу повеќе придонесува за побрзо стареење отколку физичката неактивност и цигарите, што, како што велат, е осаменоста.

„Дознавме дека психолошките фактори како осаменоста и чувството кога некој вели дека е несреќен додава до 1,65 години на биолошката возраст, што има ист ефект врз здравјето како пушењето 15 цигари на ден“, се вели во истражувањето објавено во списанието “Стареење“пренесуваат Агенциите.

Осаменоста не е само проблем со менталното здравје, покажува најновата студија спроведена од експерти од британскиот универзитет Стенфорд и кинескиот универзитет во Хонг Конг.

Токму поради осаменоста буквално старееме побрзо, констатирале експертите и додадоа дека не е чудно што од почетокот на пандемијата, бројот на луѓе кои се чувствуваат осамени е зголемен за 7,2 отсто кај возрасната популација.

Експертите додаваат дека зимските месеци,  се периодот кога повеќето луѓе се чувствуваат осамено и несреќно.

Како што пренесува „Сан“, нивото на осаменост во Велика Британија полека се зголемува од пролетта 2020 година, а во периодот од април до мај, пет отсто од луѓето, што е околу 2,6 милиони возрасни, изјавиле дека „често“ се чувствуваат осамено или „секогаш“.

Како што додаваат, проблемот е што сега на ред е вториот бран потешкотии на полето на менталното здравје, што се влошува со чувството дека сме во перманентна криза.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content