СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Обвинителството отвори предмет за коридорите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите,  со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас, информираат од Обвинителството.

Како што се додава од таму, предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој  презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Изборот на фирмите што ќе вршат надзор на изградбата на коридорите 8 и 10-д од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ со недели е тема во јавноста поради сомнежи за криминал.

Поради сомнежите што ги отворија новинарските стории и објавите од опозицијата, претставниците на Владата повеќепати досега упатуваа, доколу има нешто нерегуларно, да се пријави во обвинителството.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content