СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Нов предизвик за Сталоне и Шварценегер: Кој ќе направи поубава тиква за „Ноќта на вештерките“

Двете легенди од акционите филмови, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги изненадија нивните обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

Двајцата на своите профили на Инстаграм објавија фотографија на која резбаат тикви за Ноќта на вештерките.

-Со мојот прекрасен пријател Арнолд во неговата неверојатна канцеларија резбаме тикви за Ноќта на вештерките! Ова го прават вистинските акциони херои во слободното време – напиша Сталоне.

„Две легенди во една фотографија“, „Командо против Рамбо – филмот што никогаш не се сними, но обожавателите сè уште чекаат“, „Изгледаш апсолутно неверојатно“, коментираа фановите.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content