СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Нови 881 случаи на ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69, Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70), тројца од Куманово (70, 97 и 94), еден од Прилеп (75), двајца од Струга (74 и 69), еден пациент од Битола (60), двајца од Охрид (65 и 83), еден од Гевгелија (67), еден од Гостивар (73), еден од Кочани (68), еден од Пробиштип (46), еден од Берово (80) и еден пациент од Виница (77). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content