СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Синер поведе со 2:0 во сетови, но Новак потоа се „разбуди“ и направи пресврт во своја корист.

Имено, во шестиот гем од петтиот сет при резултат 30:30, Синер сервираше, притоа погоди и солиден форхенд, но тоа не беше доволно.

Новак „долета“ од една на друга страна и со феноменален бекхенд по дијагонала, ја дигна публиката на нозе.

Набрзо потоа направи брејк и го доведе натпреварот до неговиот крај.

Инаку, Јаник Синер беше пред сензационална победа, но испушти два сета предност и запиша елиминација од Вимблдон на дуелот со Новак Ѓоковиќ.

Италијанскиот тенисер имаше контрола врз натпреварот по првите два сета. Но, потоа наиде на шампионска игра на бранителот на тронот во Лондон. За малку не доживеа и повреда, кога при 5-2 за Србинот во четвртиот сет незгодно падна и го удри левиот скочен зглоб.

Меѓу познатите кои го следеле натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Синер биле принцезата Кејт, како и принцот Вилијамс од ложата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content