СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

„Недела на македонски производи“ од утре во Букурешт

Министрите за земјоделство и за економија,  Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, утре во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“.

Настанот во Букурешт,, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија.

Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе се презентираат со свои брендови и кои се наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата. Таа ќе трае до 18 јуни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content