СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

На 29 јуни хуманитарен концерт во Спомен-куќата на Тоше Проески

Во амфитеатарот на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево, на 29 јуни ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Детска насмевка за овој свет“. Овој датум беше особено важна за Тоше, посебен ден во неговата кариера, кога го одржа својот прв концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој сега го носи неговото име.
Пејачите Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“.
Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слухот кај новороденчињата во Македонија.
Хуманитарниот концерт е во организација на „Игра без граници“, во соработка со Спомен-куќата на Тоше Проески. Станува збор за хуманитарна непрофитна организација, основана во Австралија, во 2015 година, во чест на Тоше Проески.
Во текот на нејзиното постоење, организацијата организирала повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова ќе биде нејзин прв хуманитарен концерт во Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content