СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

На барање на земјоделците рокот за пријавување на субвенции продолжен до крајот на јуни

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека рокот за поднесување барања за добивање на финансиска поддршка во земјоделството по Програма 2021 година, наместо до крајот на мај се продолжува до крајот на јуни.

Ова продолжување на рокот, како што се наведува, е на барање на земјоделците и со цел сите земјоделци да го искористат правото за добивање финансиска поддршка за мерките од годинашната Програма за директни плаќања.

Како што соопшти АФПЗРР, барањата за добивање финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели.

 

Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето. Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, се вели во соопштението.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на печатениот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content