СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Научен собир за македонските писатели кои создаваат во странство

Во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје се одржа научен собир на тема Книжевното творештво на македонските автори во дијаспората – компарации, насоки и препораки.

На собирот, како што информира Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје (ИНАКУ), зедоа голем број учесници од земјава и странство (Австралија, Италија, Србија, Хрватска, Шведска, Црна Гора и други земји), кои заклучија дека поделбата на писатели од татковината и во странство е вештачка и непотребна, зашто речиси сите тие пишуваат на мајчиниот јазик и нема некои посебни и поголеми разлики меѓу нив.

-Учесниците на собирот констатираа дека и терминот дијаспира не е најсоодветен и по малку е навредлив за нив, а литературата што тие ја создаваат може да се оквалификува како носталгична книжевност, информираат од ИНАКУ.

На собирот покрај за македонската книжевност се говореше и за другите литератури кои се создаваат на Балканот, Европа и во светот. Притоа беше предложено да бидат подготвени и објавени повеќе избори со творештвото кое се создава во странатво, а овој собир на творците кои живеат, работат и создаваат во странство – да стане традиционален и да се одржува барем еднаш годишно. (МИА)

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content