СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Наставата започнува на 1 февруари

Кризниот штаб препорача, а Владата вечерва на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на корона вирусот.

Претходно Главниот кризен штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари, согласно заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик.

Исто така владата донела одлука учебната година да заврши во редовниот термин на 10 јуни и да нема одбработување во саботите, туку второто полугодие да биде по скратена програма.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content