СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Нападот врз новинарите ќе се квалификува како напад брз службено лице

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за емисијата „25 Минути“ најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот брз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.

Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, истакна Видиновски.

Според портпаролот на Министерството за правда во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.

 

Многу често зборуваме за напад врз новинари, но факт е дека и снимателите на терен исто така се цел на напади, навреди и закани. Со измените на Кривичниот законик и нападот врз нив ќе се смета за напад врз службено лице, кажа Видиновски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content