СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Македонија не договори цена за струја од Бугарија

Не постигнат договор за цената на струјата што Бугарија треба да ја извезува во Македонија, објави БНР. Скопје очекува да добие пониска цена за најмалку 15 проценти од онаа на берзата, односно помалку од 400 евра за мегават час.

Работните групи повторно ќе се сретнат следната недела.

Премиерите Галаб Донев и Димитар Ковачевски на 5 септември се договорија да ѝ помогнат на Македонија со електрична енергија за околу 5 гигавати дневно.

„Државните претпријатија во Северна Македонија, кои се соочуваат со банкрот поради високите сметки, очекуваат струја од Бугарија“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content