СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Македонец влезе во тимот на Компани

Дарко Чурлинов, фудбалскиот репрезентативец на Република Македонија, е нов играч на Барнли, објави германски Скај.

Како што напиша на Твитер новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг, Чурлинов поминал лекарски преглед и потпишал четиригодишен договор.

Македонскиот репрезентативец летово реши да го напушти бундеслигашот Штутгарт и да се приклучи на тимот кој настапува во Чемпионшип поради тренерот Винсент Компани.

Според Скај, Штутгарт ќе добие повеќе од пет милиони евра плус бонуси од трансферот на 22-годишниот играч за врска.

За договорот со Чурлинов се интересираше и белгискиот Андерлехт.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content