СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Кои скопски маркети ги исклучија ладилниците за да заштедат струја

Внимавајте од каде купувате месо, месни и млечни производи бидејќи дел од скопските маркети и продавници ги исклучија фрижидерите како мерка за заштеда на струја. За ова сведочат голем број граѓани.

Повеќето скопјани велат дека во најголем дел се исклучени фрижидерите за пијалоци, па така ако сакате да купите сок или вода ќе ги земете од фрижидер, но нема да бидат студени.

Уште во петокот имаше реакции дека прв кон оваа мерка прибегнал синџирот маркети „Тинекс“ во Скопје.

Алкохолот, соковите и водата се топли бидејќи фрижидерите се исклучени, а продавачите велат дека таква „наредба“ добиле од владата, ова во изјава за Скопје Инфо го раскажува скопјанец, кој деновиве пазарел во маркетите на компанијата.

За млечни не знам, не проверив, ама Тинекс (конкретно Супер Тинекс кај Бриколаж) изгасени фрижидери со алкохол, сокови, вода, споделува скопјанка.

Некој вчера пишуваше за Веро дека кај месото и овошјето имало лоша миризба, така што внимателно, порача еден граѓанин.

Засега во Кам и Стокомак не сум приметил дека ги гасат, ова го зборувам како купувач, споделува еден скопјанец.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content