СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Како да си ја замаглите куќата на Google Street View?

Лицата на луѓето на Google Street View се секогаш замаглени. Во раните 2000-ти, Google мораше да преземе дополнителни мерки за заштита на приватноста и безбедноста на луѓето.

Google започна да ги замаглува лицата и регистарските таблички на автомобилите, а со текот на годините ги подобруваше опциите за приватност, така што луѓето сега можат да ги замаглуваат своите куќи на Google Street View.

Алатките на Google им помагаат на луѓето да истражуваат други места и да уживаат во виртуелни прошетки во различни области низ светот. За жал, Google на потешкиот начин дозна дека нивната бесплатна услуга ја користеле и криминалци за да организираат кражби и да им наштетат на другите.

Сепак, дошле до решение за тоа. Ако се плашите дека ве демнат интернет шпиони, не сакате странци да гледаат во вашиот дом или едноставно не сакате слика од вашиот дом на Google, можете лесно да ја замаглите вашата куќа на Google Street View.

Процесот се одвива вака:

1. Одете на Google Maps и внесете ја домашната адреса

2. Влезете во Street View со влечење на малата жолта икона во облик на човек (се наоѓа во долниот десен агол на екранот) пред вашата куќа

3. Кога вашата куќа ќе се прикаже на екранот, кликнете на „пријави проблем“ во горниот лев агол на екранот

4. Центрирајте ја црвената рамка на вашиот дом, изберете „мојата куќа“ и побарајте замаглување (blur)

5. Напишете зошто сакате вашиот дом да биде замаглен (на пример, ако сте загрижени за вашата безбедност)

6. Внесете ја вашата адреса за е-пошта и кликнете на „испрати“.

Откако ќе го поднесете вашето барање, треба да добиете повратна е-пошта од Google во која се наведува дека проблемот што го пријавивте се обработува и дека ќе ви испратат порака кога барањето ќе се реши.

Важно е да знаете дека штом ќе ја замаглите вашата куќа на Street View, тоа е трајно.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content